Кумуцакос: За што преговара Ципрас ако Заев не менува Устав и е против ерга омнес?

Јоргос Кумуцакос, пратеник на Нова демократија и раководител на секторот за надворешни работи во најголемата опозициска партија во Грција, упати остра критика до Владата на Алексис Ципрас за водењето на разговорите за разликата за името на Македонија.

„По коментарите на Заев дека Скопје нема намера да го менува Уставот и да прифати севкупна употреба на името, за што, всушност, преговара Владата на премиерот Алексис Ципрас, на министерот за одбрана Панос Каменос и на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас? Според изјавите на Заев и на Димитров, дојдовме до незамислива точка да се измислат грчки иредентистички аспирации. Што прави Министерството за надворешни работи за сето ова? Наместо да ја осуди непопустливоста на Скопје, тоа ја прекорува Нова демократија. Како тоа пет месеци ја обвинуваат опозицијата за неспособноста на Владата да преговара?“, праша министерот за надворешни работи на Грција во сенка.