Куновска до Заев: Не пуши во кабинетот, се крстат странците кога ве гледаат

И екс пратеничката од редовите не СДСМ и поранешен главен оперативец во Градската организација Скопје на партијата, своето незадоволство од лидерот на СДСМ и премиерот на Македонија го изрази на социјалните мрежи, повикувајќи го Заев да престане да шири демагогија, туку да ги спроведува законите во кои тој се колне.

-Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории.Еден закон за пушење не почитувате, камо ли друго. По тебе и сите останати. Се крстат европјаните кога ве гледаат. Тоа ли се европски вредности и европски навики? Ти не можеш себе во Европа да се однесеш, а не па нас, напиша Куновска на Фејсбук.

Куновска е дел од членството на СДСМ кој јавно го критикува премиерот Заев и власта за погрешните чекори.

SHARE

Comments are closed.