Курц инсистира ЕУ да почне преговори со Македонија и со Албанија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ уште еднаш им даде силна поддршка на Македонија и на Албанија за брзо отпочнување преговори за членство во Европска унија.

„Ако сакаме да ги избегнете конфликтите во нашето соседство во Западен Балкан и да му помогнете да се стабилизира, мораме да им понудите на земјите од регионот веродостојна европска перспектива. Австрија ги поддржува тековните преговори со Србија и со Црна Гора, но треба брзо да отвориме преговори и со Албанија и Македонија. Колку се полоши шансите за пристапување, толку е поголема можноста за влијание од земји како Турција или Русија“, изјави Курц.

Весникот напоменува дека позитивната препорака од Европска комисија за Македонија и за Албанија ќе биде разгледувана од Европски совет во јуни, но додава дека во Германија резервирани по тоа прашање се Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и Христијанско-социјална унија (ЦСУ) со која се во коалиција.

„Велт ам Зонтаг“ потсетува дека противник на процедурата за брз прием е францускиот претседател Емануел Макрон, а „кочничари“ на процесот се и Холандија и Финска.

Неодамна со слична изјава излезе и данскиот премиер Ларс Расмусен, за пред некој ден да протече информација за „нон пејпер“ што кружи во Унијата меѓу земјите што се противат за старт на преговори годинава, оставајќи можност за зелено светло евентуално напролет.

 

Оставете Коментар