Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го наведе референдумот во Македонија како пример за директно мешање во внатрешните работи на една држава и на конференцијата „Средоземно Море: Римски дијалог“ во главниот град на Италија.

„Вознемирувачкиот развој на ситуацијата на другата страна на Медитеранот, на Балканот, не може да се игнорира. Државите од регионот, без да ја земат предвид волјата на своите народи, упорно ги туркаат во НАТО. Референдумот како алатка за директно изразување на волјата на народот не е особено популарен. Во исто време, се врши агресивен притисок врз јавното мислење во овие земји. Впечатливо беше учеството на голем број западни лидери, шефови на држави, министри, генерален секретар на НАТО, висок претставник на ЕУ, кои агитираа во Македонија за време на референдумот во оваа земја. И не беше кажано ниту збор за директното мешање во внатрешните работи на оваа држава“, рече во своето обраќање шефот на руската дипломатија.

Според Лавров, ефикасното решение на бројните проблеми на Медитеранот бара колективно дејствување, посочувајќи го придонесот што ОБСЕ би можел да го даде за оваа цел.

 

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар