Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги посочи САД и Европа за мешање во внатрешните работи на Македонија, агитирајќи во прилог на успешен референдум за преименување на земјата

„Агитацијата на лидерите на европските држави и на претставници на американската администрација за поддршка на преименувањето на Македонија на претстојниот референдум – тоа е мешање во внатрешните работи на земјата“, изјави Лавров на прес-конференцијата по денешната средба со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Бања Лука.

„Погледнете го бројот на западни гости што ја посетиле Македонија само овој месец. Тоа се лидерите на многу европски земји, претставници на раководството на Соединетите Држави. И сите тие во јавните настапи во Скопје не се двоумат да агитираат за гласање на референдумот во корист на Преспанскиот договор. Ако ова не е мешање во внатрешните работи, тогаш јас не знам што може да се нарече мешање?“, праша тој.

„Ве повикуван да погледнете во средствата за масовно информирање, на социјалните мрежи, на интернет, што вели Русија по тој повод: ние не кажуваме ништо што може да се толкува како агитација за вакво или такво гласање“, нагласи шефот на руската дипломатија.

 

SHARE

Comments are closed.