Loading...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и оти ќе го поддржи мносинството од населението во двете земји.

„Ние отсекогаш истакнувавме дека сакаме да се најде договор за ова прашање без надворешно мешање, без да поставување вештачки услови. Зборувавме дека ќе ја поддржиме одлуката што ќе ги задоволи интересите на Грција и на Македонија и која ќе се потпре на широка јавна поддршка. Се надевам дека вчера објавениот договор ќе биде токму ова“, изјави Лавров по средбата со својот грчки колега Никос Коѕијас во Москва.

Коѕијас, пак, наведе дека надворешната политика на Грција е активна, демократска и на повеќе планови. Според неговите зборови, токму на тие принципи Владата на Грција го решила тој проблем за да се прекине спорот околу името на Македонија.

 

3 Коментари

  1. Благодарност до Лавров за неговата подршка на договорот.

Comments are closed.