„Состојбата на Балканот предизвикува немир. Гледаме дека НАТО и ЕУ ги засилуваат напорите за „развој“ на регионот, а земјите се приморани да направат лажен избор: или со Москва или со Вашингтон и Брисел. Ова доведува до дестабилизација на Европа и зголемување на тензиите“, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“.

Интервјуто на Лавров коинцидра со денешната посета на Ципрас во Москва.

За ситуацијата во Македонија и преспанскиот договор рускиот министер вели:

„Секојдневно нејзините граѓани беа повикани да гласаат во корист на Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември оваа година. Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација во Собранието на 19 октомври, со изнудување и подмитување на парламентарци, наметнаи уставни измени, со директно вклучување на странските дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД таму. Сега постојат жестоки обиди процесот да се најде во финалната форма на почетокот од 2019 година “.

Според Лавров, сето ова е во интерес на единствена цел на цел на Вашингтон за итно вклучување на Македонија во НАТО.

„Предупредувањето дека прифаќањето на Преспанскиот договор е наводно неопходен за забрзување на европскиот курс, не заслужува никаква критика. бидејќи овој процес, како што покажува искуството, може да трае неколку децении “, додаде првиот руски дипломат.

SHARE

Оставете Коментар