Лазаревски обвини: Верушевски бараше да се “маркираат” Груевски и Мијалков

Оперативците на УБК Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски кој доказите од нелегалното масовно прислушување во УБК му ги предавале на Зоран Верушевски, добиле барање од Верушевски да ги прислушуваат екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

На денешното судење за прислушувањето на прашањето на обвинителот Трајче Пеливанов дали тие добиле налог некого да маркираат односно да го стават на листа за прислушување, Лазаревски одговорил потврдно.

Но тој не рекол дека налогот добил од Мијалков или друг функционер во МВР туку од човек од надвор.

“Еднаш Верушевски побара да ги маркираме броевите на Груевски и на Мијалков, но ние тоа го сфативме како шега. На крај памет не ни паѓаше да го направиме тоа. Не сакавме да сториме криминал, зошто против тоа се боревме. Исто така секое маркирање остава трага кај мобилните оператори”, одговорил Лазаревски, кој со часови давал исказ на судењето “Таргет и Тврдина” во Кривичниот суд.

Ѓорги Лазаревски иако беше прогласен за херој на шарената револуција затоа што ги обезбедил прислушуваните разговори за Верушевски и Заев се уште не може да се врати на работа во МВР.

Тој неодамна конкурирал за директор на агенцијата ОТА која треба да воведе контрола на прислушувањето но бил одбиен.

SHARE

Оставете Коментар