Лазаров ќе игра за Нант до својата 41. година! (ВИДЕО)

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров го продолжи договорот со европскиот вицешампион Нант до јуни 2021 година, кога капитенот на репрезентацијата на Македонија ќе има 41 година!

„Јас сум лојален. Ќе дадам сè од себе за луѓето од клубот што веруваат во мене“, изјави десниот бек на францускиот прволигаш по ставањето потпис на новиот договор со клубот во кој дојде минатата година.

Нант со пригодно видео го одбележа продолжувањето на соработката со рекордерот по бројот на постигнати голови на еден мундијал (Хрватска 2009) и на едно Европско првенство (Србија 2012) и прв ракометар што постигнал над 1.000 голови во Лига на шампиони (во 2015 година како играч на Барселона).

https://www.facebook.com/HBCNantesOfficiel/videos/304948977018777/