Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот Преспански договор;

Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори;

Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.

Ова се трите барања на партијата „Левица“ која најави дека ќе организира протести во секоја наредна фаза од гласањето на уставните промени.

Протестите ќе бидат антивладини, ќе се организираат пред Собранието и ќе бидат под мотото „Народна Самоодбрана“, стои во „Декларацијата на отпорот„ на партијта „Левица“.

https://levica.mk/2018/10/21/deklaracija-za-otpor/