Левица: Одлуката за распишување референдум на Уставен суд

Политичката партија Левица, ќе поднесе иницијативата до Уставен суд со која се бара поништување на Одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието на РМ.

„Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, се вели во соопштението од партијата.

SHARE