Левица поднесе кривична против Заев (ВИДЕО)

Како што и најавија, од партијата Левица денес беше поднесена кривична пријава против претседателот на Владата на Република Макдонија, Зоран Заев.

Од партијата сметаат дека основа за кривичната до Основното јавно обвинителство е тоа што со преговорите за името ја загрозил независноста на земјата.

„Со прифаќање на ерга омнес решение и изјавата дека ќе се стори сè да се прифати тоа, нанесена е штета и е доведена државата во зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот“, рече Димитар Апасиев од Левица.

Тој уште додаде дека ќе ја прошират пријавата и кон други лица, како министерот за надворешни Никола Димитров.

3 Коментари

Comments are closed.