Група основачи на политичката партија „Левица“, поднела кривична пријава против актуелното раководство на „Левица“.

Пријавата била поднесена на 3 септември за, како што се вели, “фалсификување документи, и за злоупотреба на позиција во партијата, како што ги злоупотреби и правните институции во државата со што придонесе во урнисување на правниот систем, а со цел оневозможување демократска промена и делување на членовите на партијата. И сето тоа за заштита на сопствената раководна позиција и лични интереси поради кои се киднапираше и самата партија“.

Кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје била против овластеното лице кое ја застапува и претставува политичката партија Левица, за сторено кривично дело фалсификување на службена исправа, и против лице Н.Н. во Основниот суд Скопје за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, пренесува А1.Он.

SHARE

Comments are closed.