Левица: Уставен да ја поништи одлуката за референдумот (ВИДЕО)

Loading...

Денеска до Уставниот суд поднесена е иницијатива за оценување на уставноста и законитоста наодлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на Република Македонија, од страна на политичката партија Левица.

Одлуката на Собранието ги нема сите потребни елементи што треба да ги има според законот, вели Димитар Апасиев кој смета дека Уставниот суд треба да јаукине.

„Одлуката нема образложение и го нема целиот назив за актот по кој што ќе се гласа, туку е даден само скратен назив на актот, не е предвидено гласање на одделни гласачки ливчиња и не е наведен видот на рефрендумот – дали станува збор за претходен или за дополнителен референдум и дали станува збор за факултативен или за задолжителен референдум“, велат од партијата.

Спорно е и референдумското прашање, на кое според Димитар Аспасиев се можни 8 одговори, а законот дава можност само за два.

 

Оставете Коментар