Блокиран центарот на Скопје (ФОТО)

Петочната скопска вечерна променада за многумина се претвори во хаос и нервоза откако возачите кои вечерва тргнаа на забава останаа блокирани во центарот на Скопје.

Според редовни читатели на expres.mk најмногу се чека кај стоковната куќа Мост и мостот Гоце Делчев во правец на Владата каде се заглавени стотина возила.

Во знак на протест голем број на возачи ги користат своите звучни сигнализации со цел да влијаат на полицијата која е присутна на сите крстосници да преземе нешто.

Причината за сообраќајната блокада е самитот Брдо – Бриони, односно тоа што иако самитот трае два дена дел од високите гости уште вечерва преку скопскиот аеродром заминуваат од главниот град.

За разлика од дипломатскиот успех на самитот организиран од претседателот Иванов градот Скопје и МВР не можат да се пофалат со успех при организирање на сообраќајот во главниот град за време на самитот.

1 Коментар

Comments are closed.