Лидерот на АНА е за Република Полог – Пелагонија

Еден од лидерите на Албанската Национална Армија (АНА) Гафур Адили, борец за Голема Албанија има свој предлог за името.

Човекот кој е на црната листа на САД а кој сега живее во Македонија според порталот на албански јазик „ЛајмПрес“  Македонија ја нарекува Фиром и се чуди зошто не прифатиме име што нема да ја иритира Грција.

“Ние Албанците од ПЈРМ, да предложиме нејзиното ново име да биде Република Полог-Пелагонија, затоа што Грција нема да се спротистави на ова ново име. “ПОЛОГ – ПЕЛАГОНИЈА ..! Не разбирам зошто ФИРОМ (ПЈРМ) да не се вика Полог-Пелагонија?! Зошто да не предложиме (ние Албанците) ПЈРМ (ФИРОМ) да се вика Република Полог-Пелагонија?! Не верувам дека на оваа име, Република Полог-Пелагонија ќе се спротивстави Грција“, вели албанскиот радикал.