Лидерот на Исламска држава е жив

Абу Бакр ал Багдади обучува новата генерација џихадисти иако досега се појавија многу вести дека тој е мртов, повреден или неутрализиран

Единствениот пат кога самопрогласениот калиф Ал Багдади се појави во јавност и дозволи да биде фотографиран беше во јули  2014 година, а медиумите јавуваа за неговиот скап часовник „ролекс“.

Од 4 јули 2014 година, кога лидерот на тогашната ИСИС се појави во џамија во Мосул за да го прогласи основањето на Исламска, медиумите, повикувајќи се на наводни разузнувачки извештаи, најмалку  јавија дека е мртов:  еднаш во руско бомбардирање, друг пат дека го убиле американски специјалци, дека бил уапсен од сириски трупи и иквидиран па дури и дека бил жртва на труење.

Неодамнешните американски официјални претставници изразија уверување дека е жив, дека тој ги преживеал нападте врз Исламска држава во Мосул и Рака и дека е активен, иако неговата точна локација останува непозната.

Оставете Коментар