Го прифаќа ли лидерот на Македонците во Грција Преспанскиот договор?

Еден од лидерите на Македонците во Грција Павле Воскопулос според неговите изјави во кои ниту еднаш експлицитно не го отфрли, го прифаќа Преспанскиот договор.

Во свое ново обраќање Воскопулос не зборува директно за договорот но зборува за одење напред со што индиректно јавно повикува на спроведување на истиот.

Целото обраќање на Воскопулос без интервенции на редакцијата:

“Македонската национална идеологија да биде токму “лек” за овије веќе надминати идеологији окулу славно-античко минато во Грција. Докажано е веќе дека современата национална Македонска идеологија при самиот почеток беше различна од како што се развивале во Грција и Бугарија, децении порано. Македонската национална идеологија стави најдоброто од раните анархистички-социјалистички доброти. Најкарактеристично је меѓу другото дека од една страна сите Балкански соседни држави околу политичкиот систем одбрале Крал, при Македонското Република, друг систем-новитет, од друга страна пак во другите Балкански држави националните Цркви биле од голема важност. При Македонската идеологија маргинализирана е ова улога. Јас како тинејџер кога читав за Пулевски, Чуповски, Гемиџиите, особено Мисирков (вид Евангелие “За Македонските Работи”…) дознав млад и себеси си реков… Еј Павле! Затоа треба да си свесен и горд Македонец да бидиш токму по напред од другите Балканци народи. Ајде да им помогнувам со пријателите истомисленици позитивно, да работиме за доброто на Македонштината и народите во регионот …

Во предходна преписка со Џорџ Валијанатос поранешен советник на Јоргос Папандреу а сега активист за човекови права Воскопулос не одговори директно на прашањето зошто Македонија прифатила откажување од своето малцинство со менување на членот 49 од уставот на РМ.