Лондон ќе плаќа Северноирска фирма што ќе работи за владата на кампањата

Команијата за стратегиски комуникации од Белфаст Северна Ирска, „Стратагем интернешнл“, ќе ѝ помага на македонската влада во кампањата која има цел успешен референдум.

Според меморандумот за соработка за консултантски услуги северноирската фирма ќе помогне да се спроведе успешна јавна комуникација со граѓаните базирана, како што велат, на принципите на објективност, транспарентност и рационалност.

Советите од странците треба да помогнат  во насока на обезбедување фер и кредибилен референдумски процес. За услугите Владата нема да издвои ниту денар од буџетот. Финансискиот товар, според информациите, ќе падне врз грбот на амбасадата на Велика Британија, пишува весникот Независен.

Спиред интернет-страницата на „Стратагем“, станува збор за фирма стратегиски консултант за политички работи и комуникации со богато искуство во работењето низ целиот свет. Специјализирани се за сложени и несигурни средини.

Нивната понуда, како што  посочуваат од компанијата со седиште во Белфаст, се базира на искуства и разбирање – оние што живееле, работеле и успеале во несигурни и сложени средини најдобро можат да им помогнат на клиентите во разбирањето и навигацијата во такви слични простори.

Оваа фирма дејствувала во постконфликтни земји како Палестина, Сирија, Косово, Пакистан, Ирак, Нигерија, Авганистан. Како најсветла точка во нивната биографија, од каде што и почнува практично рапидно да расте нивната репутација, е агитирањето и водењето на кампањата за прифаќање на Договорот од Велипеток 1998 година (YES Campaign on the Good Friday Agreement).

Учествувале во кампањи и во други земји – Кипар 2004, Шкотска 2014, Турција 2017, Курдистан 2017.

Претставници на фирма веќе го знаат амбиентот во земјава. Пред околу два месеци двајца од нив беа во посета на Македонија каде контактираа со претставници од Владата, цивилното општество, интелектуалци, новинари, бизнис-заедницата..

SHARE