Лош абер за Меркел додека беше во Македонија

За време на посетата на Македонија германската канцеларка Меркел разбра дека во моментов историски најнизок е рејтингот на владеачката коалицијата ЦДУ/ЦСУ со Социјалдемократите, што го откри анкетата на агенцијата Емнид за весникот Билд.

Заедно со својата баварска сестринска партија ЦСУ канцеларката Меркел има 29 проценти што е пад за речиси 4 % од лани ова време кога беа одржани избори.

Коалицијата со Социјалдемократите има поддршка од 46 насто што е најлош скор на големата коалиција оваа година и за време на двата предходни мандати 2005 до 2009 и од 2013 до 2017.

Социјалдемократите имаат пад од 3,5 проценти за една година и сега имаат 17 %.

Радикалната популистичка антиемигрантска Алтернатива за Германија има стабилни 15 насто поддршка, Зелените 14 %, Левица 10 и Слободните демократи 9 проценти. За два проценти пораснала поддршката за помалите партии.

SHARE

Comments are closed.