Луѓе блиски на Путин држеле обука на членови на македонска партија

Loading...

Малата балканска земја Македонија се повеќе е дестинација за политичките стратези на Кремљ, тврди проект за утврдување факти на Радиото Глас на Америка и радиото Слободна Европа.

Исто како и во Украина руски инструктори даваат обуки во Македонија, слични на тие што ги давале пред обидот за државен удар во Црна Гора, тврди сервисот полиграф.инфо според кој руските стратези во Македонија се обидуваат да ги потенцираат постоечките етнички и политички прашања со албанското малцинство и влезот во НАТО и ЕУ.

Според македонскиот сервис на ВОА главни руски актери во обидот за наметнување на влијание на Кремљ во Македонија се Леонид Савин и Александар Дугин.

Савин на крајот на Мај во Македонија држел тренинг за педесетина членови на крајно десничарска партија Единствена Македонија која се противи на членство во ЕУ и НАТО.

Полиграф потсетува на истрага на германскиот весник Die Zeit од 2015 кој откри дека Дугин и уште еден руски активист Малофеев имале врски со врвни грчки политички фигури кои пак имале индиректни контакти и со Владимир Путин.

Руските активисти на Балканот според сервисот биле дел од неколку тајни руски операции на Балканот.

2 Коментари

  1. Tie kukavici neka soberat barem malku hrabrost i doblest i neka kazat kakvi se VOENI podgotovki i logisticka poddrska im davaa na siptarite vo 2001 god. za vreme na Shiptarskata agresija na Makedonija . koga bi se prasuval jas , ovie takanareceni “demokratski mediumi” “slobodna (pokorena ) evropa, i glas od okupatorite na Amerikanskiot kontitet.

Comments are closed.