Државата Луксембург со околу 600.000 жители, и уште 200.000 кои доаѓаат на работа секој ден од Франција, Белгија и Германија ќе воведе јавен превоз.

Плаќањето на јавниот транспорт со возови, трамваите и автобусите ќе се укине во летото на 2019 година, кога Луксембург ќе стане првата земја во светот со бесплатен јавен превоз, најави Ксавиер Бетел премиер на новата коалициска влада, чиј приоритет ќе биде зачувување на животната средина.

Градот Луксембург, главниот град на Големото војводство Луксембург, е меѓу водечките земји во светот за сообраќајниот метеж.

Една студија покажа дека возачите во главниот град во 2016 година поминаа 33 часа во сообраќајни метежи.

Владата на Луксембург веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и лице до 20 години и два часа јавен превоз за два евра.