„Албанската мафија е постојано растечка во Европа и ќе биде мафија на иднината. Албанската мафија се повеќе и повеќе се шири во Јужна Америка. Во соработка со калабриската мафија, Ндрагета, таа е способна да увезува големи количества кокаин во Европа.

Албанската мафија е исто така доста присутна во трговијата со марихуана и тоните прошверцувана марихуана од Албанија ја преплавува Европа. Ние сме многу загрижени, вели италијанскиот обвинител Никола Гратери за тиранската телевизија Ора њуз.

Обвинителот кој од 2016 година, е одговорен за одделот за борба против мафија во регионот на Калабрија, вели дека е загрижен и во врска со правосудниот систем во Албанија.

„Она што го забележуваме е дека за жал судскиот систем во Албанија и борбата на албанската полиција во овој поглед е малку блага“.

Италијанскиот обвинител додава и дека постојат податоци оти припадниците на Ндрагхете се засолнуваат во Албанија „бидејќи во Албанија е полесно да се кријат како луѓе кои ги бара полицијата, отколку во Италија“.

SHARE

Оставете Коментар