Властите на идиличен грчки остров Санторини ќе воведат мерки за заштита на магарињата кои превезуваат туристи по стрмните ридови, откако беа соочени против бран протести за третманот на овие животни.

Активисти за заштита на правата на животните и сопственици на магариња, обарале да се „гарантира благосостојбата и добриот однос кон магарињата“.

Причина за акцијата било едно видео споделенио на социјалните мрежи на кое се гледа како сопственикот на „туристичкото“ магаре жестококо го тепа.

Четири невладини групи организираа протест, кој прерасна во судири, јавива БГНЕС.

Од општината на Санторини изјавија дека се договорени мерки: животните да стојат на сенка додека одмараат и да им се обезбеди доволно вода и храна. Товарот и работните часови на магарињата исто така ќе бидат намалени, а сопствениците, кои не се грижат за животните, ќе бидат казнети.