Маја Величкова: Дали сме ние современите “Евреи”

“Ќе доаѓала Меркел. А што ќе ни каже? Дека во Европа можеме само како граѓани но не и како Македонци? Зошто такво нешто нема во Германија, прашува новинарката Маја Величкова која открива дека клучните зборови на преамбулата во Германскиот устав се: ГЕРМАНСКИОТ НАРОД, СЛОБОДА НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА СВЕТСКИОТ МИР.

Величкова прашува зошто Меркел во нашиот случај учествува во увезена хибридна војна во Македонија? Зошто нашиот устав да биде граѓански кога Германскиот е национален? Зошто не ни го почитува правото на самоопределување, кое на Германците им се почитува?

Според неа на Хитлер не му успеа со оружје и концентрациони логори да ги уништи Евреите. Тие сега имаат своја држава а сега Меркел сака нас да не “реши” со ИДЕНТИТЕТСКА СМРТ која е полоша од таа извршена над Евреите.

Дали сме ние современите “Евреи”, праша Величкова пред посетата на Меркел на Македонија.

3 Коментари

  1. Посетата на г-ѓа Меркел е и ќе биде КОНТРАПРОДУКТИВНА!
    Сега сите ВМРО-овци и сите што ја сакаат ова држава ќе БОЈКОТИРААТ!

  2. Професорот по меѓународно право и аналитичар за зачленувањето на Македонија во ООН Игор Јанев тврди дека е избришан од 35. википедии во светот од Грција и нејзините поддржувачи со цел да се избрише вистината за Македонија во ООН.
    – Поради моите анализи и истражувањата за неправното и незаконитото зачленување на Македонија во ООН, јас бев избришан од 35-те Викепедии во светот, а предлогот е сите мои фотографии и анализи да бидат избришани од Ризницата на Викепедија, според централната инструкција од Википедија, наведува Јанев во интервју за програмата „Гласот на народот” на ТВ Сонце.
    Мојата порака, нагласува Јанев, е да се обелодани она што Грците не сакаат да се знае. А тоа е дека е прекршена Повелбата на ОН, и оти постои правен лек за името! РМ веке не мора да биде предмет на уцени и може да тргне со варијантите надвор од преговорите.
    Акцијата за негово бришење од Википедија, оценува Јанев, е координирана и политички мотивирана.
    – Овие методи во историјата се познати како методи на Гебелс. Како што сум информиран акцијата ја презеде грчкиот сателит Административен корисник „CU Faoil RM-RX”.Ова е некритички прифатено и така почна моето бришење, што преставува „бришење на македонската вистина” во Викепедија, нагласува Јанев.
    Неговиот предлог за името беше ставен на македонската Викепедија, а потоа на сите други Викепедии во светот. Наместо „демократска аргументација”, како што вели, некои кругови блиски до грчката политика се одлучиле да преземат „драконски мерки” и целосно да ја избришат вистината од сите места на Викепедија во светот.
    Јанев посочува дека неговите ставови исто така ги прифаќа и експертот по меѓународно право и поранешен медијатор во грчко-македонскиот спор околу името, амбасадорот Робин О Нил.
    Според Јанев, при приемот во ООН на Македонија и биле поставени два нелегални дополнителни услови, кои, како шро вели, креираат „ултра вирес ” акт од ООН. – Според Советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда (МПС) од 1948 година, дополнителните услови не смееат да се поставуват при приемот, ниту за нив може да се гласа. Овој став е изразен во општа форма и посебна, во врска со прием на една земја (Португалија),која беше условена со претходно дипломатско признавање од друга држава (СССР). Како што е кажано во советодавното мислење такви дипломатски барања претставуваат услови за прием, надвор од пропишаните, и тие се без правна основа, објаснува професор Јанев.
    Таков услов, додава, се дефинира, во истото мислење, како дополнителен и нелегален.
    – Од оваа интерпретација произлегува дека гласањето за таков критериум претставува кршење на членот 4 (1) од Повелбата и, консекветно, пречекорување на овластувањето на ООН. При приемот на Македонија, во ООН државата беше соочена со непризнавање на дел од правниот субјективитет на земјата, што претставува елемент од дипломатско непризнавање. Овој елемент е правниот идентитет (или државното име), кој е основен правен елемент во правното претставување на еден меѓународноправен субјект. Ово непризнавање при приемот, како критериум, спаѓа во дефиниција на услов за прием, надвор од правната основа, според горе споменатото судско мислење. Имаме, значи, идентична ситуација како со Португалија во 1948. година, наведува Јанев.
    При приемот РМ аплицираше со уставното име, но, појаснува професорот, ООН ја заведе како апликант под одреден број и веднаш во предлог резолуцијата државата доби деноминација.
    Според него, тоа покажува дека уставното име не било прифатено од ООН и оти јасно деноминацијата (ПЈРМ) преставува обврзан модалитет при приемот. Ова, нагласува, беше цената за нашето зачленување во ООН.
    – Ваков услов (критериум без можност за менување) е меѓутоа, дополнителен, и според горе споменатото судско мислење нелегален. Имено, во македонскиот случај постојат, како што е покажано во моите трудови, два услова при приемот, а тие се прифаќање на деноминацијата ПЈРМ, која има внатрешно-организациски карактер, и вториот услов е преговарање за правниот идентитет, со пошироко правно влијание и надвор од системот на ОН. Токму овој вториот услов јасно покажува дека од ООН е направен ultra viresакт при приемот на Македонија во ООН, бидејќи разговорите кои треба да резултираат во замена на референцата, нелегално ги надминуваат рамките на системот на ОН. Треба да се забележи дека и двата услова, во време, трансцедираат (надминуваат) чин на приемот во ООН, истакнува Јанев.
    Тој тврди дека тие услови не се експлицитрно содржани во општите услови на член 4. од Повелбата, критериум на легалитет од судското мислење. Натаму, овие услови се целосно нелегални и од фактот што се таканаречени бесконечни услови, кои траат нелимитирано во време. Исполнувањето на тие услови не зависи од државата апликант, туку од друга држава која делумно или целосно не ја признава, појаснува Јанев и додава дека поради тие причини констатирал дека државата Македонија беше условена со дополнителни и нелегални услови.
    Со ова, како што вели, од органите на ООН беше направен ultra viresакт, односно кршење на член 4. од Повелбата на ОН. Понатаму, со прекршување на член 4 (1), Македонија се здоби со две обврски повеќе, кои се резултат на трансцедираните услови при приемот. Со обврска за преговорите и со деноминацијата (БЈРМ), се кршат ставовите 1, 4 и 7 од член 2 од Повелбата на ОН. На овој начин основните членски права на РМ во ОН се повредени, како и внатрешниот поредок на организацијата, а, натаму, и општиот меѓународен правен поредок, вели Јанев.
    Според него, излез од таквата ситуација постои. – Се што треба е да се покрене постапка преку Генералното собрание на ООН за добивање советодавно мислење од Меѓународиот суд на правда во Хаг за законитоста на дополнителните услови при приемот на Македонија во ООН и нејзините членски обврски кои произлегле од таквите услови. При ова треба да се врши повикување на претходното мислење дадено 1948, од Меѓународниот суд во Хаг за сродниот случај. Овој метод е единствениот правен модалитет за оваа ситуација со Грците. По добивањето на Советодавното мислење на Меѓународниот суд во Хаг,со прифаќање на ова од генералното собрание на ООН, во истата Резолуција ООН треба да воведе право на користење на уставното име во ООН, истакнува во интервјуто професорот по меѓународно право .
    Википедија, посочува, е приватна организација чии одлуки не влијаат врз меѓународните организации, како ЕУ , ООН, но за позицијата на Македнија, државниот врв треба јасно да и соопшти на меѓународната јавност дека при приемот во ОН во 1993. е прекршено меѓународното право. Треба, истакнува Јанев, да се објасни дека ни се поставени нелегални услови при приемот и во членството во ОН. – Заради овој факт политичко решение преку преговори воопшто не постои! Ако треба не на ова, туку на следното Генерално собрание на ОН ќе побараме Советодавното мислење (преку Генералното собрание на ООН) од Меѓународниот суд за легалитет на деноминацијата (референцата) БЈРМ и обврска за разговорите за името (а името е дефинирано како правен идентитет), вели Јанев.
    Тој укажува дека Википедија е приватна мултинационална компанија и во неа пишуваат регистрирани корисници, како на секоја од социјалните мрежи. – Во овој систем нема соодветна контрола, така што има многу навреди и невистини. Некои од навредите и пропагандните лаги како што е познато се однесуваат и на проблемот со името и референцата (ФИРОМ). Неретко навреди можеме да најдеме и за врвните раководители на РМ. Сега, по се и јас станав предмет на дискредитација, со централната инструкција-препорака мојата биографија и моите слики да се отстранат од сите википедии во светот. Наместо добра сугестија нешто да се исправи, тие избрале целосно да ме избришат од историјата! Во ова сигурно има политичка мотивација! Зад ова стои еден грчки новинар, заедно со еден германски провокатор, чии логови можат да се најдат на Википедија. Овие лица се кријат со кориснички имиња од типот CU Faoil и слично, вели Јанев.
    Според него, Македонија има шанса да добие позитивно Советодавното мислење од МСП и врз врз база на него да го воспостави уставното име во ОН.

Оставете Коментар