Македонци ограбиле поштари во Словачка, па се пофалиле на Фејсбук?!

Словачката полиција уапсила еден Македонец, а трага по уште двајца, откако тие ограбиле поштари во селото Воѓеради, по што се сликале и фотографиите со богатиот плен ги поставиле на Фејсбук.

Настанот се случил пред неколку дена, а кражбата ја извеле приведениот Славчо (28), заедно со Кристијан (24) и со Горан (42).

Полицијата на Фејсбук ги замолила сите што имаат информации за разбојниците да ѝ помогнат во истрагата.

Горан седел во автомобилот, а соучесниците ги сочекале поштарите, им се заканиле со огнено оружје и ги испрскале со спреј по очите, ги зеле парите и побегнале.

Полицијата уште тогаш ги следела, а двајца од ограбувачите скокнале од возилото и успеале да побегнат. Горан продолжил да вози, а подоцна полицијата го пронашла неговиот автомобил. Следниот ден го уапсила Славчо.