Македонците без виза патуваат во 125 земји, Јапонците во 189

Loading...

Граѓаните на Јапонија можат без виза да патуваат во 189 земји, поради што јапонскиот пасош во 2018 ја доби титулата „најмоќен“’ на светот.

Следуваат Германија и Сингапур чии граѓани можат без виза да патуваат во 188 земји, а на трето место се Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шведска и Шпанија се на трето место.

Од регионот во 180 земји можат да патуваат граѓаните на Словенија, Хрватите во 169, Србите без виза можат да патуваат во 130 земји.

По Македонија, чии граѓани можат да патуваат во 125 земји и која која според Henley Passport indeks е на 41 по „моќноста“ на пасошот, е Црна Гора на 43 место и нејзините граѓани без виза патуваат во 123 земји, оние од БиХ – 118 земји и граѓаните на Албанија во 114 држави.