Македонците (ќе) работат, во просек, 32 години

Очекуваното времетраење на работниот век во Македонија е 32 години, покажуваат податоците на „Eurostat“.

Индикаторот покажува колку години еден сегашен 15-годишник се очекува да биде активен на пазарот на трудот за време на неговиот – нејзиниот живот.

Во регионални услови, очекуваното времетраење на работниот век во Грција, Бугарија и Романија изнесува 33 години. Турција има најкраток работен век (29 години), додека во Исланд работниот век се очекува да биде најдолг (47 години).

Во однос на членките на ЕУ, просечниот работен век е 36 години, најкраток е во Италија (32 години) и најдолг во Шведска (42 години).

Во пензија една година подоцна!? (ВИДЕО)

 

SHARE