Македонците меѓу најнесреќните народи во Европа

Според најновото Светско истражување на среќата за 2018 година, спроведено од Медија Галуп, Македонците се при дното на Балканот, осми одзади во Европа и во втората половина од 156 земји во светот опфатени на листата.

Македонија го зазеде 89. место во истражувањето што не го зема предвид само чувството на среќа, туку и задоволството од квалитетот на животот и од уреденоста на системот.

Од државите во регионот зад Македонија се само Босна и Херцеговина (93.), Бугарија (100.) и Албанија (112.), а пред неа Словенија (51.), Косово (66.), Србија (78.), Грција (79.), Црна Гора (81.) и Хрватска (82.).

Најсреќен народ на светот според ова истражување се Финците, пред Норвежаните, Данците, Исланѓаните и Швајцарците. На дното е Бурунди.

 

SHARE

Comments are closed.