Loading...

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и огранокот за Голо Брдо преку денешното соопштение ги повика Македонците во Република Албанија и ширум светот да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат претстојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година.
„Изразуваме загриженост од претстојниот референдум во Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Со индигнација ја отфрламе Спогодбата склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, затоа што со неа Владата на Република Македонија се откажува од грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните држави и во светот“, стои во соопштението на МД „Илинден.
„Промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет“, стои во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо,Или Халилај.

Оставете Коментар