Македонците од Малта згрозени што „Заев поразот го претставува како успех“

Loading...

Македонска заедница во Малта најостро го осудува договорот што премиерот Зоран Заев го склучил со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, посебно тоа што „поразот и капитулацијата“ ги претставува како успех.

„НЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!
Македонската заедница на Малта најостро го осудува последниот потег на премериот Зоран Заев, со кој буквално го погази и поништи светото македонско име за кое животот го положиле нашите предци. Згрозени сме од фактот што, без ни малку срам, поразот и капитулацијата на дипломатијата, премиерот ја претставува како успех. Успех со кој еднаш засекогаш згаснува нашата Македонија.
Ние како заедница во неколку наврати, дури и при последната средба со Зоран Заев на Малта јасно и недвосмислено го искажавме нашиот став – НЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИСТОРИСКОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!
Оттука сметаме дека во овие тешки и срамни моменти за нашата мила Македонија е потребно повеќе од кога било СЕНАРОДНО ОБЕДИНУВАЊЕ со цел зачувување на државата.
Ве информираме дека македонската заедница во Малта е спремна на секаков начин и во која било форма да поддржи и биде дел од спречувањето на распродажбата на Македонија.
Затоа, ве повикуваме сите горди Македонци, наши членови, но и сите вие кои си ја сакате мајка Македонија, да застанеме рамо до рамо во одбрана на нашата таковина“, се вели во соопштението на организацијата во која членуваат над 5.000 Македонци што живеат и работат во Малта.

 

1 Коментар

  1. Ако е договорот пораз за Македонија, како може да биде пораз и за грчките националисти?

Comments are closed.