Македонците се во чудо пред референдумот, смета основачот на ДПСМ

Бора Ристиќ, основач на Демократска партија на Србите во Македонија (ДПСМ) на сегашниот претседател и опозициски пратеник Иван Стоилковиќ, на констатацијата дека на неговите сонародници во државава никогаш не им било потешко додава дека и Македонците не се во многу подобра положба.

„На Србите во Македонија никогаш не им било потешко, но и самите Македонци, кои од септемврискиот референдум ќе се нарекуваат Северномакедонци, исто така се во чудо и ништо не им е јасно, барем на обичниот граѓанин, дали да ја следи политиката на власта или да даде отпор. Многумина се рамнодушни, но тоа е политиката на светската глобализација“, рече Ристиќ во обраќањето на тема „Србите во Македонија – вчера и денес“ на „Плоштад од кирилица“ во Херцег Нови.

Претседателот на Здружение за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија вели дека измешаноста на македонските Срби со Македонците ги изложува на природна асимилација и тие да станат Македонци, а тоа, според него, обилно го користат македонските власти.

Ристиќ е автор на повеќе книги за животот, работата и историјата на Србите во Македонија и за него „ако Косово и Метохија е колепка на Србија, Македонија ѝ е мантија (кошула)“.

 

SHARE