Македонците во градот на светлината побараа светлина за татковината

Македонската заедница во Франција денеска на плоштадот „Трокадеро“ во Париз излезе на протест под мотото „Македонија ќе победи“, од градот на светлината барајќи светлина за својата татковина.

Зачувувањето на уставното име на државата, на македонскиот национален идентитет и јазик, против двојазничност на целата територија на земјата, како и за ослободување на сите притворени за настаните од 27 април минатата година беа дел од барањата на собраните Македонци.

„Нашето име е Република Македонија“ и „Македонија вечна“ беа пораките упатени до целиот свет, а посебно до власта во Македонија, од која се бара прекин на разговорите за името со Грција.

 

Оставете Коментар