Македонец во трка за Парламентот на австралиската држава Викторија

Независниот кандидат Никола Ставрески ќе биде единствениот Македонец на утрешните избори за Парламентот на австралиската сојузна држава Викторија.

„Почитувани мои Македонци од Томастаун, Лалор, Епинг, Епинг Норт, Волерт и Мернда во сабота да покажеме единство, сплотеност и патриотизам, гласајќи масовно за број 1 Никола Ставрески, единствен Македонец за пратеник во Парламентот на Викторија. Заокружете го број 1 за да се слушне македонскиот глас во Викторискиот Парламент, да се слушнат интересите на македонскиот народ што живее во Мелбурн и во Викторија и заедно да се избориме за повеќе права и бенефиции“, се вели во прогласот на неговиот профил на „Фејсбук“.

 

SHARE

Оставете Коментар