Македонецот Филип Фил Наумоф положи заклетва на свечена церемонија во судот во Ричланд Каунти, Мејнсфилд, во американската сојузна држава Охајо, како судија избран на неодамнешните избори во САД.

„Ви посакуваме среќа и сè најдобро. Ви благодариме што ги направивте Македонците-Американци и сите Македонци толку горди!“, му ја честита инаугурацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД).

Горд на своето потекло, Наумоф е активен член на македонската заедница во САД, учествувајќи во нејзините манифестации, како на протестот на глобалното движење „Ние сме Македонија“ на 4 март во Вашингтон.

„Го поминав денот со моето семејство и со пријателите во Ди-Си, славејќи го нашето наследство и мирно протестирајќи за признавање на нашите права. #НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ“, напиша тогаш судијата на својот профил на Фејсбук покрај многуте фотографии од протестот на кои може да се види со македонски национални обележја.

 

SHARE

Оставете Коментар