Македонецот Ставрески трет на изборите во Томастаун, Викторија

Никола Ставрески, независен кандидат Македонец на парламентарните избори во австралиската сојузна држава Викторија, заврши трет меѓу деветте кандидати во својата изборна единица Томастаун и не влезе во 88-члениот состав на претставничкиот дом на граѓаните.

По 69,6 проценти преброени гласови, Ставрески освои 1.626 гласа или 6 отсто од тие што денеска излегоа на гласање.

Уверливо победи Бронвин Халфени од Австралиска лабуристичка партија со 62,9 проценти од гласовите, пред Гурдавар Синг со 14,7 отсто.

 

SHARE

Оставете Коментар