Македонија 13. меѓу 19 земји по привлечност за германски инвестиции

Loading...

Македонија се најде на 13. место меѓу 19 земји според привлечноста за инвестирање кај бизнисмените од Германија, покажуваат резултатите од 13. анкета на Германска индустриска и стопанска комора (ДИХК).

Чешка е на врвот меѓу посакуваните дестинации за вложување кај германските стопанственици, а веднаш по неа се Полска, Естонија, Словачка и Словенија.

Пред Македонија се и Србија на 11. место, како и Бугарија на 12., а полошо се оценети Русија, Црна Гора, Украина, Белорусија, Босна и Херцеговина и Албанија по тој редослед.