Македонија 77., веднаш зад Сирија на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија падна две места и сега е 77. на најновата листа на ФИФА, на која веднаш пред неа е Сирија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски неодамна одиграа нерешено и во двата пријателски натпревара во Анталија, прво со слично рангираната Финска без голови, а потоа ремизира 1:1 со далеку послабо рангираниот Азербејџан.

Со 422 поена, „црвено-жолтите“ се 36. меѓу 55 европски селекции, како и претпоследни меѓу 12 балкански национални тимови (зад нив е само Косово на 152. место на ФИФА-листата).

Од земјите од регионот највисоко котира Хрватска на 18. место, Романија е 32., Србија 35., Турција 37., Босна и Херцеговина 41., Црна Гора 43., Грција 44., Бугарија 54., Албанија 56. и Словенија 65.

На врвот на поредокот е Германија со 1.533 поени, втор е Бразил со 1.384, а трета Белгија со 1.346. Во топ 10 по нив следуваат: Португалија со 1.306, Аргентина со 1.255, Швајцарија со 1.179, Франција со 1.166, Шпанија со 1.262, Чиле со 1.146 и Полска со 1.118.

 

SHARE