Македонија дел од Бугарија на карта објавена во „Сан“!

Без воопшто да ја спомне во свој напис, британскиот таблоид „Сан“ ја претстави Македонија на карта како интегрален дел на Бугарија!

На спорната мапа Црна Гора „се вика“ Србија, но барем е претставена како посебна држава, и тоа до вистинската Србија (?), а другиот македонски сосед на север стана „Кососво“?!

Овој запрепастувачки географски галиматијас го илустрира текстот на „Сан“ за случајот со кравата Пенка од Бугарија, осудена на смрт, која го привлече вниманието на европската јавност.

Станува збор за бремена крава, сопственост на Бугаринот Иван Харалампиев од Копиловци, која треба да се породи за три месеца. Нејзиниот смртен грев е тоа што на 12 мај заскитала од стадото и преминала од Бугарија во Србија, која не е членка на Европска унија. Бугарски официјални лица изјавија дека Пенка мора да биде убиена поради строгите правила на ЕУ.

Ветеринарката што ја прегледала утврдила дека кравата е во добра здравствена состојба по нејзиното враќање во Бугарија, но официјални лица изјавија дека таа може да шири болести и тие треба да го следат движењето на домашните животни.

Говедата мора да бидат регистрирани со ветеринарно-здравствен сертификат при влез во Унијата. Документите треба да бидат потпишани од официјален претставник во земјата која не е членка на ЕУ и мора да се придружува животното на патот до ЕУ кога тоа ќе биде пријавено за влез.

„Таа ги напушти границите на Европска унија и не може на ваков начин, сама, да се врати назад во ЕУ“, слегнува со рамената сопственикот Харалампиев.

 

1 Коментар

Оставете Коментар