Македонија доби препорака за почеток на преговори со ЕУ

Македонија доби препорака од Европска комисија да ги почне преговорите за членство во Европска унија.

Ова го соопшти на денешната прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, кој го презентира извештајот за напредокот на земјата.

Хан напомена дека „реформите во јавната администрација, борбата против организираниот криминал, судството, оценувањето на судиите и обвинителите се видливи, ги гледаме резултатите од тие напори“, пренесува дописникот на МИА.

Еврокомесарот уште порача да продолжат реформите… и истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан ја потврдиле својата европска иднина.

ЕК за тоа ги награди Македонија и Албанија со препорака за почнување на пристапните преговори, рече Јоханес Хан, како што пренесува МИА.

 

1 Коментар

Оставете Коментар