Македонија е целосно без заштита од вонземјани!

Македонското Министерство за одбрана нема протокол во случај да не нападнат вонземјани или на каков и да било друг начин контактираме со нив, обелоденува официјален одговор на МО на прашање од граѓанин.

„Во врска со вашето барање, ве информираме дека МО преку Генералштабот на Армијата на Република Македонија, во своите анализи не разгледувало варијанта за развој на протокол (план) во случај на контакт со екстратересторијални битија“, се вели во официјалниот одговор, доставен на меморандум на МО и со печат и потпис на одговорните.

SHARE

Comments are closed.