Македонија е осудена на пропаст, смета бугарски експерт за Балканот

Красимир Узунов, експерт за Балканот од Бугарија, во коментар за весникот „Дума“ објаснува зошто Македонија е осудена на пропаст со Голема Албанија на повидок.

„Како човек кој 30 години се занимава со т.н. македонска држава, сметам дека во оваа варијанта таа е осудена на пропаст. Откако ќе има единствена албанска држава, како да се спречат Албанците што живеат во западниот дел на Македонија да се присоединат кон неа? Тие преовладуваат во следните општини – Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, сите мали општини околу Тетово, сите општини западно од Скопје, половина Скопје е албанско. Оттука понатаму ќе дојдеме до Куманово, а на север од Куманово е Прешево. Односно, просторот од двете страни на границата е населен со Албанци. Охридскиот мировен договор се користи од Албанците за повеќе права, територии и можности“, пишува новинарот и бизнисмен Узунов.

„НАТО и ЕУ не се лек против територијални промени или распад. Тенденцијата и перспективата е ревидирање на границите. Поентата е дека ние во моментов не сме во форма како држава што учествува стабилно. И тоа не е случајно, така е во последните 30 години. Ние се движиме по принципот на ‘грешки на растот’“, заклучува сопственикот на првата бугарска приватна новинска агенција Фокус и на истоименото радио.

 

SHARE

Оставете Коментар