Македонија го игнорира барањето на Србија за апсење на Хашим Тачи?!

Новинската агенција „Журнал“ дознава дека Министерството за внатрешни работи на Србија издало барање за приведување на косовскиот претседател Хашим Тачи при влез на територијата на Македонија, обвинувајќи го за геноцид.

Барањето на Србите против Тачи е во спротивност со правилата на Интерпол, е аргументот на македонското Министерство за внатрешни работи да не го зема предвид српскиот налог, јави агенцијата на албански јазик.

Оставете Коментар