Македонија и Грција одбиле по два предлога, останува само еден активен

Предлогот „Република Северна Македонија“ се враќа на голема врата во преговорите за името по денешните разговори во Њујорк.

Ваквиот пресврт се случил откако двете страни отфрлиле како неприфатливи по два предлога.

Наводно, Македонија ги отфрлила Горна и Вардарска, а Коѕиас во име на Грција рекол дека од засега непознати причини за него не се прифатливи Нова Македонија, како и Република Македонија – Скопје.

Со тоа во игра од петте предлози на Нимиц останува само уште Северна Македонија, која според Грција мора да се употребува секаде и согласно ова решение да се промени Уставот.

Доколку по консултациите со Скопје и Атина дојде до договор во следната рунда преговори во Брисел, не Преспа, туку Охрид ќе биде местото каде што во првата недела од јуни ќе се сретнат премиерите Ципрас и Заев.