Членови на американската служба, кои работат заедно со сајбер-бранителите од Република Македонија, соработуваа во изминатите неколку недели за споделување на најдобрите практики во сајбер безбедноста и за градење на сајбер-одбранбените способности.

„Ова е дел од тековните напори за поддршка на сојузниците на НАТО и европските партнери преку градење на нивните сајбер-одбранбени способности, учејќи се еден од друг“ вели портпаролот на американската сајбер команда. „Овие напори служат за одвраќање на странските малигни влијанија врз демократските процеси на нашите сојузници, партнери и на САД“.

USEUCOM работи секојдневно, планира и спроведува активности за безбедносна соработка со европските партнери и овој напор за соработка во областа на сајбер безбедноста во Македонија претставува последен чекор во постојаните напори за поддршка на европските партнери и сојузниците на НАТО во сите домени.

Овој одбранбен кооперативен напор е во согласност со неодамна објавената американска DoD Cyber ​​стратегија за работа со сојузниците и партнерите за зголемување на размена на информации, зголемување на заедничките способности и проширување на операциите во рамките на најновата домен на операции.

SHARE

Comments are closed.