Македонија има 18 месеци да „стигне“ до НАТО

Владата ги прими упатствата од НАТО за прием на Македонија во Алијансата кои треба да се исполнат во период од 18 месеци.

Реформи во судството, спроведување на внатрешните процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името, обезбедување поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби, проверка на внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство… се дел од упатствата наведени во документот испратен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и кои треба да се исполнат до крајот на 2020 година, пренесе МИА.

Разговорите меѓу Македонија и НАТО се очекува да почнат следниот месец, а можно е да траат до април 2020 година.