По дебаклот во Софија, Македонија ја “крпи” комисијата со Грција

Македонија се уште не може да ја состави експертската комисија која три години ќе преговара со грчки историчари, правници, дипломати за македонскиот наводен иредентизам кој што според Атина постои во учебниците, мапите и други државни документи и материјали.

Согласно договорот потпишан во Нивици на 17 јуни комисијата треба да биде формирана и да започне со работа еден месец подоцна односно најдоцна до идниот понеделник.

Но, на една недела пред рокот македонската страна има проблем да најде соодветни експерти кои ќе аргументираат со грчките колеги.

Предходно Грција доставила 144 забелешки за примери на македонски и албански иредентизам присутен во македонскиот јавен живот финансирани од државни и општински органи. Македонија доставила само една забелешка.

Преговорите меѓу експертите и владата ги координира една пратеничка од владеачката коалиција и уште еден висок владин претставник кои засега имаат проблем во регрутирањето експерти.

Иако се работи за ангажман кој ќе трае најмалку 36 месеци за кој експертите треба да земаат сериозен хонорар засега најмалку двајца врвни експерти одбиле да учествуваат во комисијата.

Уште најмалку двајца размислуваат дали да прифатат а дефинитивно не кажал и еден член на комисијата која што е дел од мешовитата бугарско – македонска експертска група која завчера го заврши првиот состанок во Софија.

Главниот проблем на координаторите на комисијата со Грција е како на сериозната грчка дипломатско – експертска екипа да им спротивстават врвни професионалци кои што ќе можат на научно ниво да се судрат со Грција и да спасат што може да се спаси од договорот. Една од причините за неможноста за вакво сценарио е што налогот од владата е во комисијата не смеат да членуваат експерти кои што во било кој период биле блиски на ВМРО – ДПМНЕ.

Причините зошто на Владата сега и текна дека со млади и неискусни експерти и дипломати не може да се водат сериозни дебати во историските комисии лежат во првата средба на бугарско – македонската комисија каде неуките членови доживеале дебакл во аргументирањето со своите колеги од бугарска страна.

Членовите на бугарскиот тим се врвни експерти и научници кои се поддржани од искусни дипломати и политичари додека во макеоднскиот тим најголем дел се луѓе без никакви преговарачки вештини и со изразито слаби дипломатски потенцијали.

Во случајот со Грција состојбата е уште потешка затоа што во тимот на јужниот сосед има врвни светски имиња во своите области кои имаат логистичка поддршка во самиот тим но и во посебна работна група која што за време на состаноците симултано ќе ги анализира македонските аргументи.

Комисијата со Грција за историските прашања министерот Коѕиас ја најави за 4ти ноември минатата година, за потоа рокот да се одоговлечи до крајот на ноември и конечно таа да почне да заседава на 17 јули.

SHARE