Македонија лидер во регионот според квалитетот на услугите?!

Македонија го освои првото место меѓу шесте републики на поранешна Југославија според квалитетот на услугите, покажува десеттото по ред истражување на организацијата „Хераклеа“, спроведено од 15 мај до 15 јуни.

Во тој период тајни купувачи посетиле преку 800 различни објекти, како што се автосалони, банки, бензински станици, малопродажни објекти, супермаркети, продажни места на телекомуникациски претпријатија, туристичко-угостителски објекти и услужни дејности.

Истражувањето ги зело предвид петте елементи на добрата, односно квалитетна услуга: поздрав, утврдување на потребите/желбите на купувачите, познавање на производот, нудење дополнителен производ и заблагодарување за посетата.

Според сите овие критериуми, Македонија освои вкупно 78,96 проценти, втора е Словенија со 75,60 отсто, трета Србија со 74,73 отсто, четврта Хрватска со 73,16 отсто, петта Црна Гора со 71,34 отсто, а далеку зад сите заостанува БиХ со 56,89 отсто.

Македонија е прва во категоријата утврдување на желбите и потребите.

 

Оставете Коментар