„Македонија, Македонија“ и „Едно име имаме“ ечи пред Собрание

Илјадници граѓани одговорија на повикот од патриотски здруженија и од навивачки групи, порачувајќи ѝ на власта од пред македонското Собрание дека не го прифаќаат договорот Заев-Ципрас за името на државата Македонија и за целиот спектар прашања поврзани со него.

„Македонија, Македонија“, државната химна „Денес над Македонија се раѓа“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“ и други патриотски песни грмат од пред парламентот, чуван од силно полициско обезбедување.

„Оставка“ и „Заев предавник“ извикуваат насобраните додека од импровизираната говорница се редат граѓани што им порачуваат на премиерот и на неговите соработници дека можат самите на себе да си го сменат името, а не на нивната татковина.

Навивачите со запалени факели дополнително ја вжештија атмосферата кај незадоволните од договорот со кој државата треба да се преименува во Северна Македонија.

 

4 Коментари

  1. Во очекување сме да пристигнат и патриотите од грчката „Златна зора“ кои ќе им се придружат на протестантите пред Собранието. И тие не се задоволни од договорот. Ќе протестираат заедно под парола ЗАЈЕДНО СМО ЈАЧИ!

  2. Добив информација од И.Ј. дека 25% од потпишаните на петицијата се од СДСМ членовите!
    Успехот на петицијата се должи на членовите на СДСМ!!!

Оставете Коментар