Македонија на двете главни рути за дрога

Македонија е дел од двете главни рути за трансфер на дрога кон ЕУ.

Земјава е дел од коридорот кој минува од Турција преку Бугарија, Македонија, Албанија а во исто време е централна точка од рутата Турција – Бугарија – Македонија – Косово – Албанија.

Според извештајот на Европскиот мониторинг центар за дрога и зависноати Западниот Балкан не е само производител на канабис туку и главна порта за транспорт за потешки дроги како хероин и кокаин.

Трета година по ред Албанија е најголем извор на канабис во Европа. Лани таму биле запленети 75 тони канабис.

1 Коментар

Comments are closed.